Фото: Маја Јаневска-Илиева/Илустрација

Горивата од полноќ значително поскапуваат, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 4,50 денари за литар, додека дизелот поскапува за 6,50 денари. За 6,00 денари по литар се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство.

Со новата пресметка, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 91,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 93,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 98 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 98,50 денари.

Регулаторната комисија одлучи да ја продолжи примената на намалената акциза од 2 денари за литар кај бензините и од 4 денари за литар кај дизелот.

Зголемување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се зголемува за 0,188 денари. Новата цена ќе изнесува 43,726 денари за килограм.