Фото: ЕПА

ШАХ

  • Ро­јал (17) триумфираше во Ко­вен­три со по­ло­ви­на по­ен пред ВМ Лук Ме­кшејн и ВМ Мајкл Адамс, додека Бо­да­на (11), пак, триумфираше отка­ко ја по­бе­ди ЖВМ Три­ша Кан­ја­ма­ра­ла во до­пол­ни­тел­ни­от брз пле­јоф од две партии

Велемајсторот (ВМ) Шрејас Ројал (17) стана најмладиот британски шампион во историјата, додека во женска конкуренција, ФИДЕ-мајсторот Бодана Сиванандан (11). Така, британскиот шах создаде два нови национални шампиона и два нови возрасни рекорда. Ројал го освои Првенството на Британија 2026 во Ковентри, со 7,5 поени од девет партии, за да заврши половина поен пред истакнатите ВМ, Лук Мекшејн и Мајкл Адамс. Бодана, пак, стана најмладата британска шампионка, откако ја победи ЖВМ Триша Канјамарала во дополнителниот брз плејоф од две партии. Таа освои 5,5 поени од девет кола со рејтинг-перформанс од 2.398 поени. Врвот го постигна во четвртото коло, кога го победи ВМ Амит Гаси, што беше нејзина втора против ВМ на едно првенство, откако лани го победи ВМ Питер Велс. Единствен пораз, пак, беше токму против Ројал, пишува порталот „Чес“.
Најблескавите млади таленти во британскиот шах во последните децении се со индиско потекло. Ројал е роден во Бангалор пред да се пресели во Лондон со своето семејство на тригодишна возраст, додека Сиванандан е родена во Лондон. Ројал имаше 17 години и 212 дена кога ја обезбеди шампионската титула, соборувајќи го рекордот на ВМ Адамс откако прв пат победи на Првенството на Британија во Плимут 1989, намалувајќи ја разликата за 65 дена. Ројал е и најмладиот британски ВМ (2024), освојувајќи ја титулата на 15 години.
Куриозитет е фактот што Адамс, деветкратниот британски првак и поранешен четврти шахист во светот, ја загуби својата прва класична партија на Првенство на Британија од седмото коло во 1988 година. Со тоа се прекина неверојатната серија од 87 партии без пораз, во текот на вкупно 37 години и 361 ден, според Шаховската федерација на Англија. Ако рекордот на Ројал беше од 1989, Бодана имаше уште постар репер да надмине, а тоа беше Акшаја Калајалахан, која ја подели титулата во 2013 кратко пред нејзиниот 12-ти роденден. Единствениот пораз на Бодана беше токму против Ројал, додека најголемата победа ја оствари против Гаси, што беше нејзина втора победа против ВМ, на Првенство на Британија, откако лани го победи ВМ Питер Велс, пишува „Чес“.
Лани, на 10 години, Сиванандан стана најмлада шахистка што некогаш победила ВМ, најмлада што ја освоила титулата ЖИМ и најмлада што постигнала норма за ЖВМ. А во Франција минатиот месец, на 11 години и четири месеци, стана најмлада девојка што некогаш освоила норма на ИМ, соборувајќи го рекордот што претходно го држеше ВМ Јудит Полгар. Во Франција, таа го победи и поранешниот светски јуниорски првак, ВМ Марк Андрија Маурици, соборувајќи го рекордот на ВМ Јифан Хоу од 2007 година како најмлада девојка што победила шахист со рејтинг од 2.600 поени. Сега 11-годишната девојка ја комплетираше тројната круна, оти претходно освојуваше титули во забрзан и брз шах. На седум години (2022), таа ја подели титулата шампионка на Англија во брз шах, соборувајќи го возрасниот рекорд за повеќе од четири години, пишува „Чес“. Г.И.