МОК – МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ „ТАРАНТО 2026“
На шест дена пред почетокот на Медитеранските игри (МИ) во Таранто, Италија, македонската делегација ги заокружува последните подготовки со важни знаења надвор од спортскиот терен. Имено, едукативниот ден беше исполнет со практични примери, интерактивни вежби и корисни алатки од областа на антидопингот и менталната подготовка – знаења што спортистите можат директно да ги применат во реални натпреварувачки ситуации. Уште еден важен чекор кон Таранто 2016 – подготвени, информирани и фокусирани за настапот во Италија. Во рамките на антидопинг-сесијата, доц. д-р Зоран Ханџиски, специјалист по спортска медицина и член на Националната антидопинг-комисија при Агенцијата за млади и спорт, и д-р Ели Ханџиска, членка на Националната антидопинг-комисија, ги запознаа спортистите со важните ВАДА-правила и одговорности поврзани со чистиот спорт. Вториот дел беше посветен на менталната подготовка, преку интерактивна работилница предводена од Софија Арнаудова, сертифициран тренер за ментални перформанси. Преку практични вежби и конкретни техники, спортистите работеа на концентрацијата, справувањето со притисокот и зајакнувањето на менталната отпорност, информираат од МОК. Г.И.

































