Владата на колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела најави прогласување „вонредна економска состојба“ во земјата, со цел да се обезбедат дополнителни средства и да им се помогне на жртвите од разорниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што во понеделникот го погоди департманот Чоко.
Земјотресот предизвика големи разурнувања во западниот дел на земјата, а бројот на загинатите според најновите информации надмина 250 лица. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани и со расчистување на урнатините.
Одлуката за воведување економска вонредна состојба ја соопшти министерот за финансии Мигел Гомез. Со неа на извршната власт ќе ѝ се овозможи да донесува декрети со сила на закон и да презема вонредни мерки за справување со последиците од трагедијата.
Владата засега не планира воведување нови даноци. Средствата за помош и обновување првично ќе се обезбедуваат преку задолжување, прераспределба на буџетските средства и намалување на дел од расходите во рамки на буџетот за 2026 година.
Економските последици од земјотресот допрва треба да се проценат, бидејќи во погодените подрачја се оштетени или урнати голем број објекти и инфраструктура, а спасувачките и хуманитарните операции сè уште траат.
































