- Инклузивноста е деловен програмски однос на Српската есперанто лига, која сѐ повеќе се истакнува преку учеството на слепи есперантисти, во поделбата на задачите и низ инклузивните интернет-курсеви, и за почетници и за напредни учесници
Интеркултурноста е суштински однос на есперантизмот. Инклузивноста е деловен програмски однос на Српската есперанто лига (СЕЛ), која сѐ повеќе се истакнува преку учеството на слепи есперантисти, во поделбата на задачите и низ инклузивните интернет-курсеви, и за почетници и за напредни учесници. Во симбиоза на овие принципи и во рамките на проектот за мобилност „Тренинг и мобилност за наставници – волонтери и тренери“, СЕЛ го креираше тренинг-семинарот за есперанто наставниците и активистите. Српската есперанто лига доби субвенција од програмата „Еразмус+“, во рамките на клучната активност.
Реализацијата на тренинг-семинарот беше организирана во соработка со Меѓународната лига на слепи есперантисти, a сето тоа беше поврзано со 88. Интернационален конгрес на слепи есперантисти и во рамките на комбиниран интеркултурен и инклузивен настан во Белград. Бидејќи настанот се одржа во срцето на Балканскиот Регион, со многу членови на Меѓународната лига на есперанто наставници, главна заедничка поврзаност помеѓу организаторите и учесниците беа Балканските денови (презентација на заеднички ставови за соработка во тој регион) и Деновите на ИЛЕИ за тоа како да се зајакнат присуството и делувањето во регионот.
Семинарот исто така беше придонес за дејствувањето на Универзалната есперанто асоцијација, насочено кон иницирање и зголемување на интеркултурната компетентност. Неговата координација со конгресот на слепите есперантисти се покажа многустрано корисна и содржинска. Семинарот ја збогати образовната програма на конгресот, а конгресот ја реши логистиката на семинарот и обезбеди обилна туристичка и културна програма. Таквиот аранжман ги збогати интеркултурните искуства и ги зајакна импресиите од заедничкиот соживот на оние што гледаат и оние што не гледаат/слепите.
Главното предавање за интеркултурната чувствителност и компетентност го одржаа Данкан Чартерс, Франческо Маурели и Сара Спано за управување со проекти и програми на ЕУ. Во контекст на главната тема, неколку други учесници активно партиципираа и ги споделија своите искуства за образованието и учењето на есперанто во интеркултурните и инклузивни мрежни медиуми, информатичко-технолошки олеснувања за тие што не гледаат, што се слепи и за тие што гледаат со тешкотии, пријателски и пријатни контакти со тие што не гледаат, меѓународен туризам на хендикепирани лица. Во практичниот оддел на т.н. Ателје на семинарот беа дискутирани неколку проектни идеи, од кои се изроди нов партнерски образовен проект, насочен кон поголемо и поефикасно информатичко-технолошко описменување, и доставен до „Еразмус+“ за субвенција.
Универзалната есперанто асоцијација и Меѓународната лига на есперанто наставници финансиски го поддржаа семинарот. Тоа овозможи стипендии за 12 учесници на семинарот: шест од Србија и шест од други земји. Вкупно 37 учесници присуствуваа и учествуваа во семинарските активности, а тест за успешно завршен семинар добија 30 луѓе, оние што учествуваа во најголемиот дел од семинарот. Семинарот и понатаму ќе функционира во земјата и во регионалните движења во Србија и на Балканот. Теоретските предавања и тренинзи иницираат и инспирираат нови теми за нови предавања и продукција на материјали за новото издание на курсот за напредна интернет-конверзација на СЕЛ со меѓународно учество. Во текот на тренингот (обуките) и семинарските дискусии се роди нова проектна идеја за соработка во Балканскиот Регион.
Превод од есперанто: Татјана Шошолчева Ропајкова

































