Фото: Маја Јаневска Илиева / Архива

Општина Кисела Вода информира дека оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија.

Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на наставата.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, нагласи дека примарната цел на овој проект е финансиско олеснување за семејствата пред почетокот на учебната година.