Фото: МВР/илустрација

МВР синоќа санкционираше 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол во рамки на акциска контрола спроведена низ земјава.

Контролата се одвивала од 22.00 до 04.00 часот, при што кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. Од нив, 55 биле санкционирани согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека против петмина биле поднесени кривични пријави.

При контролата биле откриени и санкционирани уште 124 сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста и намалување на ризикот од сообраќајни незгоди.