Фото: Маја Јаневска-Илиева

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има услови за развој на нестабилна облачност, краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 22 степени, а максималните од 32 до 39 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со температури до 38 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Според УХМР, и во наредните денови ќе продолжи сончевото и многу топло време, со мала до умерена облачност во текот на денот.