Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

МВР соопшти дека на 23.07.2026 во 22:30 часот во село Муртино, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ф.Р. (29), Е.И. (31) и С.Ш. (24), сите од село Банско, струмичко, зашто при преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, се пронајдени кокаин и марихуана.

Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во домот на Е.И. во село Банско, при што била пронајднеа мариахуана.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.