Фото: МВР / Илустрација

МВР соопшти дека вчера, по извршен претрес, е лишено од слобода едно лице од Арачиново, во чиј дом се пронајдени над два килограми марихуана.

– На 24.07.2026 од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново. При претресот се пронајдени над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана – информира МВР.

По целосно документирање на случајот против Б.Н. ќе биде поднесена кривична пријава.