Фото: Маја Јаневска Илиева/ Илустрација

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) в понеделник, 27 јули.

Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека, товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.

Оттаму дополнуваат дека од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.