Модернизацијата на касарните во Македонија, преку различни проекти е во полн ек. Досега се вложени 850 илјади евра за најразлични проекти. Ова го изјави денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој дојде да види како е завршена реализацијата на проектот за израдба на настрешница (хангар) на површина од 1400 метри квадратни за заштита на новата опрема.
– Немаше простор за чување на опремата од различни видови, страјкери, хаубици и затоа мораше да се обезбеди.. Инвестицијата е 10,5 милиони денари. Значи многу, затоа што опремата ќе биде заштитена. Овој период е динамично во сите касарни. Ако во минатото немало проекти, сега се менува сликата. Вложуваме 850 илјади евра во различни проекти, од кои досега преку 20 се завршени. Благодарен сум на Секторот за недвижности во МО и на Армијата за максималната вложеност – рече министерот за одбрана Мисајловски, при тоа потенцирајќи дека се прави нов колективен договор, а преку закон ќе се решава проблемот на војниците што наполниле 45 години да останат во АРМ.
Зборувајќои за новите проекти министерот посочи дека ќе има и нов Дом на АРМ, нов хотел на Попова Шапка и ќе има нова опрема за модернизација на армијата.
Според него со преземените мерки сакаат да се врати прилепската касарна на старите патеки, да биде значаен армиски објект и да биде подгнат нејзиниот квалитет.
Министерот Мисајловски во Прилеп изјави дека на огласот за прием на нови војници се пријавиле околу 1700 луѓе и дека во тек биле проверките, што доволно говори за интересот на младите да бидат дел од армиските структури.
При тоа, тој додаде дека АРМ е присутна секаде каде што е потребно, на пример сега помага во Гостивар со доставување на техничка вода, а моментално војници биле ангажирани на седум места каде што се гради, бидејќи имаат добиено нова механизација.


Ка.М.
































