Добриот сон е основа за здравјето на целиот организам, а правилниот избор на душек, наддушек или перница е вистинскиот чекор во реализацијата на тој план. Доколку не сте сигурни што ви е потребно и на што треба да обрнете внимание, тука сме да ви помогнеме.
Сите сакаме слободното време да го поминуваме во убаво опкружување, средено по наш вкус. Повеќето луѓе вложуваат премногу енергија и труд околу уредувањето на домот, а има и такви што уживаат во честите разместувања на мебелот или купувањето нови парчиња мебел со кои ќе внесат свежина во домот за да го направат поубав на изглед.
Сите тие промени ќе ги видат пријателите и фамилијата и без сомнеж ќе им се допаднат, но постои и еден мал скриен дел што нема да биде забележан, а тоа е задоволството од одморот што го добивате вие и вашите најблиски во домот.
Според истражувањата на експертите, повеќе од 57 отсто од луѓето лошо спијат, а повеќе од 60 отсто од испитаниците имаат болки во грбот и вратот кога ќе се разбудат.
Затоа е исклучително важно да се запрашате, дали добро спиете. Душекот и перницата се почетна точка за секој совршен одмор и утринско будење. А добриот сон е основа за здравје на целиот организам и затоа треба да се посвети посебно внимание при изборот на добар душек, наддушек и перница.
Наша препорака е да изберете душек што ќе одговара на вашите потреби, а потребите не се секогаш исти. На некои им одговара потврда подлога за спиење, а на некои помека, па затоа при изборот на душек внимавајте на неговите основни карактеристики. Важно е да се потрудите душекот да биде антиалергенски и антибактериски, исто така важен е и изборот на составот на јадрото на душекот, како и навлаката. Во зависност од креветот што го имате, можете да изберете единечни или дупли душеци. Исто така можете да ги избирате степенот на мекост и висина на вашиот душек.
Доколку не сте во можност да го замените душекот, тогаш вистинско решение за вашиот проблем е купувањето наддушек. Со тој потег покрај што ќе го освежите својот дотраен кревет за спиење, вие ќе го решите и проблемот со лошото спиење и болките во грбот. Меѓу наддушеците можете да изберете различни варијанти од тие со посебно приспособена поддршка на клучните делови на телото, до тие со јадро за терморегулација на телото и полнење со гел.
Она што дава посебна нота на одморот и добриот сон е перницата. Изборот е ваш, во зависност од тоа дали сакате анатомски обликувана перница, која ќе одговара на контурите на вашиот врат или перница со класичен облик. Како и при изборот на душеците и на наддушеците голем е спектарот на карактеристики што ги поседуваат перниците за да можат да ви ги дадат потребната и правилната поддршка при спиењето.