Фото: ЕПА

Поранешниот британски премиер Кир Стармер официјално ја поднесе оставката до кралот Чарлс III, кој веднаш потоа го именува новиот лидер на Лабуристичката партија,и  Ендру Барнам, за премиер на Обединетото Кралство.

Од Бакингемската палата соопштија дека кралот му го доверил мандатот на Барнам да формира нова влада.

По неговото именување, честитки до новиот британски премиер упатија претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, ирскиот премиер Михаел Мартин и германскиот канцелар Фридрих Мерц.