Тајфунот Бави синоќа пристигна до брегот на источната кинеска провинција Џечијанг. Претходно беа евакуирани над 1,7 милиони луѓе поради силниот ветер со брзина од 144 километри на час.
Тоа е втор тајфун што ја погоди Кина во изминатите девет дена. Првиот тајфун Мајсак го погоди брегот на јужна Кина на 3 јули.
Бави претходно донесе обилни дождови и силни ветрови во југозападниот дел на Јапонија и се приближи до Тајван, каде вчера беа евакуирани повеќе од 14.000 луѓе.
Иако слабее интензитетот на тајфунот, Бави и понатаму претставува опасност поради големата влага што се задржува во дождовните појаси.
Тајфунот Бави не ги погоди Филипини, но поради него се зголемија монсунските дождови што предизвикаа поплавите и свлечиштата при што загинаа 17 луѓе. Поради временските услови во јужниот дел од земјата, евакуирани се повеќе од 11.000 луѓе.

































