Ормускиот Теснец е отворена за сите пловила што настојуваат легално да транзитираат низ овој меѓународен воден пат, соопшти денеска американската централна команда (Центком).
Американските сили се позиционирани и подготвени да осигураат дека слободата на навигацијата ќе остане достапна и покрај неоправданата иранска агресија, вознемирување, закани и произволни декларации, нагласи Центком на Х.
– Иран не го контролира протокот. Сообраќајот се одвива непречено – се додава во објавата.
САД во текот на изминатата ноќ извршија нов бран напади врз Иран како одмазда за нападот врз контејнерски брод под кипарско знаме во Ормускиот Теснец, додека Техеран одговори со таргетирање на американски воени локации во сојузничките заливски држави и Јордан.
Центком претходно соопшти дека најновата операција била покрената како одговор на нападот од страна на Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) врз контејнерскиот брод „ГФС Галакси“ во стратешкиот воден пат.
ИРГЦ соопшти дека упатила предупредувачки истрели кон бродот и го запрела бидејќи се движел по неовластена рута. Според Центком, на бродот избувнал пожар, по што доѓло до оштетување во машинскиот простор и 300 метри долгиот брод не можел да го продолжи своето патување.































