Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри, тешка 13,6 килограми, на брегот на Дојранското Езеро.
Како што информираат од Дирекцијата, гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за „хаубица“ М14, а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион.


































