КОШАРКА – ЕП 2026 ЗА МЛАДИНЦИ, ДИВИЗИЈА Б
Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 20 години од денеска ќе настапува на Европското првенство (ЕП) за младинци, дивизијата Б, во Братислава (Словачка), а во првиот меч (од 18 часот) ќе игра против селекцијата на домаќинот на ЕП 2026. Во конкуренција на 21 репрезентација, најдобрите три репрезентации ќе обезбедат пласман во елитната дивизија А. Македонија на ЕП 2026 е во групата А, во која се и селекциите на Ирска (Македонија игра утре, од 13.30 ч.), Шведска (14 јули, од 13.30 ч.) и на Азербејџан (15 јули, 21 ч.). Првопласираните две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во четврт-финалето. Состав на Македонија: Даниел Бутемер, Даријан Димовски, Давид Петрушевски, Сергеј Младеновски, Коста Ќириловски, Амар Грбовиќ, Атанасиј Трајанов, Бојан Димитриев, Марко Луканоски, Сергеј Петровиќ, Андреј Чадамов, Лука Марјановиќ. Г.И.
































