Одговорност во случајот со екскурзијата на неготински средношколци во Италија мора да има, наставниците и директорот на училиштето во ниту еден случај не смееле да ги остават учениците сами и да заминат без нив. Ова е ставот кој во врска со овој случај го дадоа од Министерството за образование и наука.
– Потсетуваме дека станува збор за малолетни лица кои им биле доверени ним. Исто така, загрижувачко е однесувањето на учениците за време на изведувањето на екскурзијата, за што исто така може на учениците да им бидат изречени педагошки мерки – нагласуваат од Министерството.
Државниот просветен инспекторат ќе изврши увид во гимназијата и ќе ги даде своите препораки.
– Ваквото нивно однесување спрема учениците е основ за поднесување на одговорност. Секако и на родителите им останува можноста за покренување постапка за одговорност на наставниците за нивната негрижа спрема учениците – додаваат од МОН.