Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година, при што беа разгледани првите десетина амандмани поднесени од СДСМ, Левица и ДУИ, пренесе МИА.
Дел од амандманите се однесуваа на зголемување на средствата за Министерството за односи меѓу заедниците, за плати на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, како и за повисоки блок-дотации за општинските противпожарни бригади.
Амандманите за повисоки плати во одбраната не добија поддршка, со образложение дека средствата се обезбедени согласно важечките колективни договори, а во тек се преговори за нови.
Левица предложи и дополнителни средства за изградба на армиски објекти и формирање центар за планинска безбедност.
Амандманската расправа продолжува утре од 11.30 часот, а за ребалансот на Буџетот се поднесени вкупно 224 амандмани.

































