Фото: МВР
На 04.07.2026, во периодот од 17 до 23 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведоа акциска контрола на подрачјето на Штип, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
– При контролата изречени се вкупно 55 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив, една мерка за измината важност на сообраќајната дозвола,
една мерка за управување на моторно возило под дејство на алкохол, 35 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), три мерки за неистакната регистарска таблица итн.. Откриени се шест кривични дела, од кои еден сторител е малолетно лице, и истите се лишени од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, Одземен е и еден мотоцикл за измината важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци – информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека за сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.