Поради обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на Скопје, во Општина Кисела Вода е свикана итна седница на Кризниот штаб. Општината соопшти дека екипите се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти.
-Општина Кисела Вода е во постојана и интензивна комуникација со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и со надлежните служби на Град Скопје, со цел брза интервенција и санирање на штетите. На терен се мобилизирани сите расположливи општински служби, кои работат на расчистување на критичните точки и обезбедување на безбедноста на граѓаните – се наведува во сооштението.
Општина Кисела Вода апелира до нејзините жители доколку забележат проблеми или имаат потреба од асистенција, случајот да го пријават на дежурните телефони: 072/ 250-719 и 072/443-500.
-Сите наши капацитети се ставени во функција на помош и поддршка на граѓаните. Општинските служби се на терен и ќе останат таму сè додека целосно не се нормализира состојбата – информира Општина Кисела Вода.

































