Фото: ТФМ

ТЕНИС – ГРАНСЛЕМ-ТУРНИР ВИМБЛДОН 2026

  • Ова за Ѓорческа беше прв настап на еден гранслем-турнир воопшто, што претставува голем успех, откако претходно успешно ги мина квалификациите, забележувајќи три вредни победи

Ланската финалистка на Вимблдон, американката тенисерка Аманда Анисимова (шеста на ВТА-листата), ја оправда фаворитската улога во мечот од првото коло на гранслем-турнирот Вимблдон 2026 против најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (222. на ВТА-листата), славејќи со 2-0 во сетови (6-3, 6-2) за 61 минута минати на теренот број два. Ова за Ѓорческа беше прв настап на еден гранслем-турнир воопшто, што секако претставува голем успех, откако претходно успешно ги мина квалификациите, забележувајќи три вредни победи.
Ѓорческа (31) сепак иако загуби, се покажа во светло издание, играше храбро против искусната фаворитка, а за тоа говорат и освоените пет гема, што на ваков турнир и деби-натпревар за неа, со желбата што ја покажа, претставува охрабрувачки показател за идните турнири што ја очекуваат.

Во првиот сет Анисимова (24) единствениот брејк го направи во четвртиот гем, кога поведе со 3-1 во гемови и предноста ја зачува до крајот на сетот, а во вто­ри­от сет има­ше два бреј­ка, во тре­ти­от и пет­ти­от гем, па врза пет, но до кра­јот Ли­на до­би уште два ге­ма за ко­неч­ни 2-6.
За Ѓорческа ова беше прв настап во главната ждрепка на Вимблдон, што претставува голем успех. За пласманот на главниот турнир, односно поразот во првото натпреварувачко коло, Ѓорческа заработи 80.000 фунти (околу 105.500 долари).
Гранслем-турнирот Вимблдон 2026 ќе трае до 22 јули. Вкупниот паричен фонд на турнирот изнесува 64,2 млн. фунти (околу 84,5 млн. долари), а победниците во двете конкуренции ќе заработат по 3,6 млн. фунти (околу 4,5 млн. долари). Титулите од лани ги бранат Италијанецот Јаник Синер во машка и Ига Швјотек од Полска во женска конкуренција. Г.И.