Пожар избувна утринава на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, а пожарникари преземаат дејствија за гасење на пожарот. Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдиле дека пријавата за пожарот била примена утринава.
-Денеска во 7:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на пожарот – информираат од МВР.

































