Повод: Изјавата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, дека актуелниот претседател на САД е „најкорумпираниот претседател во американската историја“!
ОД РОКФЕЛЕР ДО БЛЕКРОК: КОРПОРАЦИИТЕ ЈА КУПИЈА АМЕРИКАНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА
Наши соговорници, универзитетски професори што долги години престојувале во САД, имаат интересни тези за разговор и развивање. Имено, според нив, официјалната приказна вели дека „американската политика ја водат избраните претставници“. Но нивното тврдење заклучено од емпириските искуства вели дека „практиката покажува дека ниту еден претседател не може да дојде на власт без огромна финансиска машинерија зад себе“.
– Изборите во САД одамна станаа најскапиот политички производ на планетата. Кога политичката победа чини милијарди долари, неизбежно се поставува прашањето: Кој ја плаќа сметката и што добива за возврат – го поставуваат гласно своето прашање, но и обрнуваат внимание на неколку феномени поврзани со американскиот систем.
1. Лобирањето – корупција со легален печат?!
Во повеќето држави плаќање политичари за да влијаат врз законите би се сметало за корупција. Во Вашингтон тоа се нарекува лобирање. Илјадници лобисти секојдневно работат во непосредна близина на Конгресот. Тие не носат оружје и не подготвуваат заговори, ниту планираат да направат државен удар. Напротив, тие пишуваат закони.
2. Воено-индустрискиот комплекс
Уште во 1961 година, претседателот Двајт Ајзенхауер предупреди дека воено-индустрискиот комплекс може да стане закана за американската демократија.
Денес неговото предупредување звучи пророчки. Војните носат профит. Конфликтите отвораат пазари. Буџетите за одбрана растат без оглед која партија е на власт. Републиканците и демократите се менуваат. Системот продолжува.
Кој навистина владее?
Во секоја администрација се повторуваат истите имиња. Истите банки. Истите финансиски фондови. Истите корпорации. Истите советници. Изборите ја менуваат фасадата. Но ретко ја менуваат структурата на моќта. Токму тука лежи суштината на американската политичка криза. Не во тоа кој победува на изборите. Туку во тоа што победниците често зависат од истите центри на влијание. Р.С.


































