- Наде Проева остави длабока трага во македонската и светската историографија како посветен и чесен научник со светско реноме, бескомпромисен борец за македонската кауза и истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија. Нејзините трудови се сметаат за фундаментални во разбирањето на античките корени на македонската култура и идентитет.
Македонската претседателката на, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, ќе го додели државното одликување орден „8 Септември“ на покојната професорка по античка историја Наде Проева, на свечена церемонија што ќе се одржи на 23 јуни (вторник) во претседателската резиденција „Вила Водно“.
Предлогот за ова постхумно одликување беше поднесен од професорот Георги Гоце Дуртаноски, а Комисијата за одликувања при Кабинетот на претседателката го усвои како признание за исклучителниот научен придонес на Проева. Со тоа, нејзиното име се вбројува во редицата на големи личности кои ја добиле оваа висока државна чест, меѓу кои се Роберт Бадинтер, Ханс-Лотар Штепан, Џон Битов, Роман Херцог и други.
Наде Проева остави длабока трага во македонската и светската историографија како посветен и чесен научник со светско реноме, бескомпромисен борец за македонската кауза и истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија. Нејзините трудови се сметаат за фундаментални во разбирањето на античките корени на македонската култура и идентитет.
Покрај академската работа, Проева беше и колумнист во весникот „Нова Македонија“, каде што преку своите текстови ја бранеше историската вистина и ја пренесуваше својата визија за улогата на историјата во современото општество.
Церемонијата на доделувањето на орденот „8 Септември“ ќе биде чин на државно признание за нејзиниот животен пат и научна мисија – потврда дека Македонија знае да ги вреднува своите најголеми имиња и да ја зачува нивната меморија како дел од националното наследство.
































