Фото: Пиксабеј

Најголемиот фосил на скорпија, долг повеќе од еден метар, со клешти долги над 16 сантиметри, е откриен во Обединетото Кралство. Оваа скорпија била меѓу првите големи предатори што живееле на копно. Откриениот фосил, наречен Prercturus gigas, е стар 415 милиони години. Овој вид доминирал во поплавените рамнини и бил меѓу првите големи предатори што живееле на копно.
– Кога размислуваме за џиновските членконоги, честопати замислуваме карбонски дождовни шуми со џиновски стоногалки или инсекти слични на самовилски коњчиња од подоцнежните периоди во историјата на Земјата – вели Ричард Џ. Хауард, кустос во Природонаучниот музеј во Лондон и главен автор на студијата.

Тој додаде дека џиновската скорпија, сепак, живеела најмалку 50 милиони години порано, долго пред еволуцијата на дрвјата, во време кога животот на копно штотуку започнувал.
– Потврдата дека ова животно е скорпија радикално го менува нашето разбирање за тоа како и кога овие суштества еволуирале за да достигнат толку извонредни големини – рече Хауард.

Според истражувачите, со оглед на големината, овој вид се движел низ светот со релативно мала конкуренција од други големи предатори и веројатно живеел делумно во вода. Всушност, некои примероци покажуваат структури слични на денешните ракови, како што се јастозите, што укажува дека скорпијата можеби можела да се движи помеѓу вода и копно. Фосилите што се користат за идентификување на новиот вид се наоѓаат во музејските колекции повеќе од 150 години.
– Неверојатно е како примероците собрани пред повеќе од еден век сè уште можат да содржат сосема нови информации. Со нивно повторно испитување со модерни техники можеме да дојдеме до откритија што го редефинираат нашето разбирање за животот на Земјата – заклучи Хауард.