ФОРМУЛА 1
Луис Хамилтон вели дека не можел да ги пронајде зборовите за да изрази колку му значела неговата прва победа за Ферари по триумфот на трката во Барселона, пишува „Би-би-си“. Седумкратниот шампион во својата втора сезона со тимот победи пред Џорџ Расел од Мерцедес и Ландо Норис од Мекларен. Тоа е првиот подиум целосно составен од британски возачи во Формула 1 од големата награда на САД во 1968 година, кога победи сер Џеки Стјуарт, пред Греам Хил и Џон Сертис, пишува „Би-би-си“.
– Како да ги пронајдете вистинските зборови за да изразите емоција што е над вашите најлуди соништа – рече Хамилтон.
Лидерот во шампионатот Антонели се повлече од второто место на четири круга пред крајот на трката, промовирајќи го Норис на третото место. Победата на Хамилтон и повлекувањето на Антонели значеа дека водството на Италијанецот во генералниот пласман кај возачите се намали на 41 бод. Антонели води со 156 бода, а потоа се Хамилтон со 115, Расел со 106, Шарл Леклер со 75, Норис со 73… Н.М.


































