КАРАТЕ

  • Македонија освои вкупно четири медали на Светското универзитетско првенство во Бразилија, по сребрениот на машкиот тим во борби и бронзените медали на Стефан Јовановиќ и на женскиот тим во борби, во конкуренција на 1.500 студенти спортисти од 46 земји

Младиот и талентиран каратистот на КК Макпетрол, Вукашин Јовановиќ, е светски универзитетски првак за 2026 година, што претставува историски успех. Тоа е епилогот по финалната борба во која македонскиот репрезентативец во категоријата до 67 килограми во борбата за златото на Светското универзитетско првенство во Бразилија, по голема борба го совлада со 3-2 Амин Абделмалки од Белгија, откако резултатот претходно беше 2-2. Ова е прв златен медал за 10-члената селекција на Македонија, составена од каратисти од пет универзитети, предводена од селекторот Бошко Заборски, а вкупно четврти, по сребрениот на машкиот тим во борби и бронзените медали на Стефан Јовановиќ (над 84 кг) и на женскиот тим во борби, во конкуренција на 1.500 студенти спортисти од 46 земји, што претставува огромен успех на македонската универзитетска репрезентација.
– Јовановиќ оствари историски успех, освојувајќи го златниот медал со серија убедливи настапи, а македонската репрезентација го постигна својот досега најголем успех на едно вакво силно натпреварување. Со овој резултат македонската карате-експедиција уште еднаш ја потврди својата конкурентност на највисоко светско ниво во универзитетскиот спорт – ни изјави селекторот Заборски.
Јовановиќ до финалната борба во групната фаза имаше три задолжителни борби, во кои ги победи Мартин Густаво од Чиле (7-0), Вала Хосеин од Иран (5-5 со прв освоен поен) и Чум Вонг Сирапат од Тајланд (3-0). Во четврт-финалето славеше над Кабело Саморан од Шпанија (8-0), а во полуфиналето повторно беше подобар од Хосеин (8-4), оти во втората фаза и двајцата влегоа од групата и пак се бореа, овој пат во полуфиналето. Г.И.