Пред прекрасната публика во концертната сала на Центар за култура-Дебар, се одржа 17. издание на детскиот музички фестивал на македонски јазик „Радика Фест” 2026.
На самиот почеток на фестивалот познатиот дебарскиот композитор Зинче Мимидиноски, инаку директор на фестивалот, ги поздрави сите присутни гости, а на учесниците им посака многу успех.

На фестивалот настапија деца и автори од Дебар, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и Охрид како и автори на текстови од повеќе градови од републикава и тоа Дебар, Струга, Охрид, Кичево, Крива Паланка, Битола, Прилеп при што се изведоа 13 нови авторски композиции.
Беа доделени награди оф стручното жири, награда од публиката, награда за најдобар вокал, награда за најдобар сценски настап, награди за бест хит, награда за бест талент и награда за бест јуниор талент.
Победник на детскиот музички фестивал на македонски јазик е Бида Оручоска од Косоврасти, која ја испеа „Сонце во нас”. Првотото место од публиката го освои Ада Кадриоска од Бороец, за најдобар вокал беше прогласена Џана Ибраимоска од Дебар, а награда за најдобар сценски настап доби Мелда Кадри од Дебар.
Гости во програмата на Фестивалот беа фолклорна група Скудриње од Општина Маврово Ростуше како и триото Аниса, Есра, Џансу од Општина Центар Жупа.


































