Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во поединечни подрачја можно е и невреме со појава на град.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината попладне се можни краткотрајни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 33 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, до четврток времето претпладне ќе остане сончево и топло, додека попладне ќе има услови за локални нестабилности поради зголемената влага и енергија во атмосферата.
Во петок се очекува поизразена промена на времето со пообилни врнежи од дожд, грмежи и можност за изолирано невреме со град. Температурите ќе опаднат за неколку степени, а ќе започне да дува засилен, повремено силен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

































