Фото: Весник Илинден

Претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамките на 29-тиот Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федерална унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со друштвото, му ја врачи почесната награда „Илинден“ на д-р Хартмут Лајпнер претседател на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) и потпретседател на ФУЕН и на Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН.

Почесната награда „Илинден“ за 2026 година беше доделена на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН, за особен придонес кон македонското национално малцинство во Република Албанија и за поддршката на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

– Огромна чест ми беше, во име на друштвото и на македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја предадам почесната награда на почитуваниот д-р Хартмут Лајпнер – истакна претседателот Никола Ѓурѓај.