Фото: ЕПА

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови на повеќе места се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 9 до 16 степени, додека дневната ќе достигне од 25 до 32 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Според прогнозата, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Под влијание на циклонска активност, во четврток се очекуваат поинтензивни временски процеси со пообилен пороен дожд, над 20 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.