ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ЏИРО Д`ИТАЛИЈА
Филипо Гана (29) доминираше на трката на хронометар во 10. етапа на велосипедската трка Џиро д’Италија, со победничка разлика од речиси две минути. Данецот Јонас Вингегор, фаворит за вкупен победник, е 13-ти, со три минути послабо време од победникот, пишува „Би-би-си“.
Португалецот Афонсо Еулалио остана во водечката маичка шести ден во низа. Сепак, Вингегор го намали времето на задоцнување зад Еулалио, кој беше 41. на етапата. Вингегор е втор во генералниот пласман, сега само 27 секунди зад водечкиот, а Аренсман е трет со една минута и 57 секунди зад Еулалио, пишува „Би-би-си“.
Хронометарот од 42 километри, најдолгиот на која било грантур-трка, повеќе од една деценија резултира со огромни разлики помеѓу возачите со различни способности. Гана, кој беше светски шампион во хронометар во 2020 и во 2021 година и беше фаворит за победа, постигна просечна брзина од 54,921 км/ч. Г.И.
































