Осврнувајќи се на американско-израелските напади врз Иран, Ердоган порача дека, според него, прво мора да бидат запрени израелските акции.
-Прво треба да бидат неутрализирани израелските провокации, а потоа ќе може да се гради вистински мир. Ако се сака трајна стабилност во регионот, сите мора да ги отфрлат краткорочните калкулации. Државите би требало да ги бранат правата на сопствените граѓани, а не интересите на актерите вон регионот – изјави Ердоган.
Говорејќи за претстојниот самит на НАТО, турскиот претседател оцени дека се очекуваат важни одлуки за иднината на Алијансата и глобалната безбедносна архитектура.
Ердоган додаде и дека Турција претставува „голема можност“ за Европската Унија, оценувајќи дека Брисел се наоѓа пред „историска одлука“ која треба да ја искористи.
































