Фото: Принтскрин / Илустрација

Официјален Пјонгјанг ги избриша сите одредби поврзани со обединувањето на Северна Кореја со Јужна Кореја од својот Устав, покажува документот до кој дојде агенцијата АФП, што претставува нов показател за сè поострата политика на Пјонгјанг кон Сеул, пренесува Франс24.

Во најновата верзија на Уставот повеќе не постои клаузата според која државата има цел „да го оствари обединувањето на татковината“. Документот беше презентиран на прес-конференција во јужнокорејското Министерство за обединување.

Промената следува откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во обраќањето во март ја опиша Јужна Кореја како „најнепријателска држава“.

Новата верзија на Уставот, која според документот стапила во сила во март, содржи и нова одредба за дефинирање на територијата на Северна Кореја. Во неа се наведува дека земјата се граничи со Кина и со Русија на север и со „Република Кореја“ на југ. Во документот дополнително се нагласува дека Северна Кореја „во ниту еден случај нема да дозволи нарушување на својот територијален интегритет“.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјун, познат по својот помек пристап кон Северот, повика на дијалог без предуслови и изјави дека двете држави се повикани „да направат да процутат цветовите на мирот“.