По една година од одржувањето на последните преговори за наоѓање решение за локалните избори за градот Мостар, вчера ограноците на политичките партии во овој град одржаа заеднички консултации за надминување на овој проблем.
Последните локални избори во Мостар се одржани во 2008 година, а Уставниот суд на БиХ со пресуда од 2010 година наложи промена на статусот на градот Мостар, прогласувајќи две одлуки за неуставни.
Завчера во Мостар се одржа состанок на кој присуствуваа претставници на партиите СББ, СДП и ДФ и се разговараше за начинот како да се одржат избори во овој град. Овие партии се спротивставија на обидите на Централната изборна комисија на мала врата да се воведе нова сегрегација и да наметне изборни решенија што им одговараат на владејачките ХДЗ и СДА.