Скопјанец е приведен откако минатиот четврток со нож нападнал друго лице пред угостителски објект на улицата „50 Дивизија“ во Скопје.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека против лицето со иницијали А.Ч. е поднесена кривична пријава за „обид за убиство“, по што му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
Според полицијата, осомничениот на 23 април му нанел убодни рани на А.Ѓ. со нож. По пријавата, полициските службеници презеле брзи мерки и активности, при што напаѓачот бил лишен од слобода, а случајот целосно расчистен.
Кривичната пријава е поднесена од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со Основно јавно обвинителство Скопје.


































