Фото: ХИПП

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека досега не е добиена нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на ЕУ (RASSF) за присуство на небезбедна храна за бебиња од брендот ХИП (HiPP) на македонскиот пазар, пренесе МИА.

Станува збор за производ во стаклена тегличка од 190 грама со вкус на морков и компир, кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји.

Од АХВ информираат дека ја следат состојбата и дека ќе реагираат навремено доколку се појави потреба.

Дополнително, од овластениот дистрибутер за HiPP во Македонија е доставено писмено известување дека спорниот производ воопшто не е увезен и не е пласиран на домашниот пазар.