Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека се примени дојави за поставени експлозивни направи во два трговски центри во Скопје.
Според МВР, на 19 април 2026 година, на нивната електронска адреса пристигнала заканувачка порака во која се наведува дека бомби се поставени во трговските центри „Ист Гејт“ и „Дајмонд“.
Полициски екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на наводите, додека во тек се безбедносни процедури во објектите.
Надлежните апелираат до граѓаните да останат смирени и да ги следат инструкциите на службите.

































