Русија и Кина претставуваат стабилизирачки фактор во меѓународните односи и заеднички работат на спречување на глобална криза, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува „Риа Новости“, повикувајќи се на нејзина изјава дадена за радио „Спутник“.
– Нашите две земји се стабилизирачки фактор во меѓународните односи – рекла Захарова.
Според неа, Русија и Кина, како држави со значајни територии, население и геополитичко влијание, ги здружуваат своите ресурси со цел да спречат поширока глобална нестабилност.
– Страшно е да се замисли што би се случило доколку Русија и Кина не ја блокираа резолуцијата за Ормускиот Теснец – истакнала Захарова.
Таа истакнала дека двете земји играат клучна улога во зачувување на меѓународната рамнотежа, особено во услови на зголемени тензии на глобално ниво.
Изјавата доаѓа во време кога рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров престојува во Пекинг.
































