Фото: Маја Јаневска-Илиева

Православните верници денеска го одбележуваат Велики четврток, посветен на споменот на Тајната вечера на Исус Христос со неговите ученици.

На овој ден се потсетува на воспоставувањето на светата причест, но и на предавството на Јуда. Во храмовите се служат богослужби исполнети со длабока духовност, а верниците се повикуваат на смирение, покајание и љубов.

Според традицијата, на Велики четврток се вапцуваат првите велигденски јајца, најчесто во црвена боја – симбол на Христовата жртва и воскресение. Првото јајце се чува како чувар на домот до следниот Велигден.