Фото: „Нова Македонија“

КОШАРКА – НБА

Составот на тимовите што ќе играат во плејофот на кошаркарската НБА-лига продолжува да се пополнува, како што регуларната сезона влегува во својата завршна недела, пишува НБА. До понеделникот, девет од 12-те загарантирани места во плејофот се обезбедени, и тоа во Источната конференција Детроит (осигурен број 1), Бостон, Њујорк и Кливленд, а од Западната конференција Оклахома, Сан Антонио, Лос Анџелес лејкерс, Денвер и Хјустон.

На Истокот Детроит, Бостон и Њујорк обезбедија пласман меѓу првите четири и ќе имаат предност на домашен терен во првото коло, а на Западот тоа се Оклахома и Сан Антонио, кој, пак, уште може да ја стигне Оклахома на првото место, пишува НБА.
Пополнети се и три од осумте места во т.н. плејин-турнир, за пласман во плејофот, и тоа Лос Анџелес клиперс, Портланд и Голден стејт на Западот, а само Феникс има шанса да стигне до првите шест. На Истокот сите четири тима што моментно се на место на табелата за влез во плејин имаат шанса да стигнат до првите шест за загарантирано место во плејофот, пишува НБА. Н.М.