Фото: градинка „Гоце Делчев“ О. Илинден

Фотовест

Во рамките на проектот „Здрава храна“, дечињата од групата „Црвенкапа“ при Детската градинка „Гоце Делчев“ од Општина Илинден, ја посетија зеленчуковата градина на баба Богица.
Посетата беше вистинско уживање. Баба Богица, со љубов и внимание, на дечињата им го покажа зеленчукот што расте во градината и во пластеникот, раскажувајќи им како се одгледува на природен начин.
Децата со интерес слушаа и учеа колку труд и грижа се потребни за да порасне едно растение. На крајот сите уживаа во свежо набраните плодови.