фото. Архива

Министерството за финансии денеска соопши дека реализацијата на буџетот е стабилна во првите три месеци од годината и се бележи раст на приходната страна.

– Вкупните приходи во буџетот достигнаа 81,2 милијарда денари, што претставува раст од 5,7 проценти во однос на истиот период во 2025 година. Вкупните приходи од даноци се зголемни за 4,7 проценти, при што највисок пораст се забележува кај данокот на добивка од 23,6 проценти и данокот на личен доход од 12,3 проценти. Повратот на ДДВ е зголемен за 17,3 проценти или вкупно кон стопанството се вратени 12 милјарди денари. Воедно, приходите од увозни давачки се повисоки за 9,1 проценти. Раст е забележан и кај неданочните приходи од 16,4 проценти во првиот квартал од 2026 година во споредба со истиот период минатата година – стои во информацијата од Министерството.

Вкупните расходи изнесуваат 106,3 милјарди денари, што претставува раст од 18,4 проценти во споредба со првиот квартал минатата година.

– Особено значаен е растот на капиталните расходи, кои во првиот квартал достигнаа 8,3 милијарди денари, што е зголемување од 196,5 проценти во однос на истиот период лани, што укажува на засилена динамика на реализација на капиталните инвестиции – велат од Министерството за финансии.