ТУРНИРИ НА КАНДИДАТИ
Синдаров изби сам на врвот, кај шахистките водат Асаубаева иМузичук
По четири кола на Турнирот на кандидатите во шах на Кипар, Јавокир Синдаров од Узбекистан изби на врвот откако со бели фигури го победи (по 36 потези) Фабијано Каруана од САД и сега има 3,5 поени од можни четири, еден поен повеќе од најблискиот ривал Аниш Гири од Холандија, кој славеше на дуелот со Андреј Есипенко од Русија, со црни фигури. Со реми завршија партиите Матијас Блубаум (Германија) – Прагнананда Рамешбабу (Индија) и Ји Веи (Кина) – Хикару Накамура (САД). На турнирот за шахистки, Жу Џинер од Кина и Ана Музичук од Украина ја вратија динамиката со значајни победи (над Катерина Лагно од Русија, односно над Дивја Дешмух од Индија). Музичук сега го дели првото место со Бибисара Асаубаева од Казахстан. Вчера и во двете конкуренции беше првиот слободен ден. Табела, мажи: Синдаров 3,5 поени, Каруана 2,5, Блубаум, Рамешбабу и Гири по два, Веи и Накамура по 1,5, Есипенко еден. Табела, жени: Асаубаева и Музичук по 2,5 поена, Рамешбабу, Горјачкина, Лагно и Џинер по два, Жонгји и Дешмух по 1,5. Г.И.
Делегација од МОК присуствуваше на семинар во пресрет на
Медитеранските игри во Таранто
Семинарот за шефови на мисии, посветен на финалните подготовки за Медитеранските игри (МИ) „Таранто 2026“, се одржа на крајот на март во Таранто, а Македонскиот олимписки комитет (МОК) на овој семинар беше претставен од делегација што ја сочинуваа претседателот на МОК, Даниел Димевски, генералниот секретар Ѓорги Тасев и раководителот на секторот спорт и шеф на делегацијата за Медитеранските игри 2026, Петар Спасеновски. На 20 недели пред свеченото отворање на Игрите, македонските претставници од прва рака се запознаа со сите организациски и технички аспекти на Игрите. Заедно со делегациите на преостанатите 26 медитерански олимписки комитети, тие учествуваа на детални тематски сесии и билатерални средби и направија обиколка на клучните спортски борилишта, со што се потврди целосната подготвеност и меѓусебна координација за претстојниот голем спортски собир, информира МОК. Г.И.
ДБОЈКА – ПРВА ЛИГА, МАЖИ, ПЛЕЈОФ
Штип УГД и Борец ги добија првите полуфинални мечеви
Одбојкарите на Штип УГД и Борец од Велес поведоа со по 1-0 во полуфиналето на плејофот во Првата лига за мажи. И двете екипи убедливо дојдоа до првиот триумф. Штипјани славеа против скопски Работнички со 3-1 во сетови (22-25, 25-10, 25-14 и 25-12). Велешани, пак, триумфираа во првиот дуел против актуелниот македонски шампион, Струмица, исто така, со 3-1 во сетови (21-25, 25-16, 25-19 и 25-20). Со овие почетни победи и Штип УГД и Борец се поблиску до финалето во плејофот и борбата за шампионскиот пехар. Реванш-средбите, односно вторите натпревари од полуфиналето во плејоф-серијата, на распоредот се утре. Г.И.































