Фото: ЕПА

ФУДБАЛ – ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА ВО ДАБЛИН

  • Следните официјални натпревари на црвено-жолтите се предвидени за септември, во новата сезона на Лигата на нациите, која е дел од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2028 година

Македонската фудбалска репрезентација ремизира без голови на гости со Република Ирска во пријателски натпревар на гости, во Даблин, пред 39.560 гледачи. Тоа беше седми меѓусебен меч на двете селекции, првпат во тест-дуел и вторпат средбата завршува со нерешен резултат. Според ранг-листата во живо на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Македонија за ремито освои нови бодови за листата што треба да биде објавена наскоро.
Следните официјални натпревари на црвено-жолтите се предвидени за септември, во новата сезона на Лигата на нациите, која е дел од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2028 година, кое треба да се игра во Англија, Велс, Шкотска и во Република Ирска. Македонија првпат ќе игра во лигата Б, и тоа со Швајцарија на 26 септември дома и со Словенија три дена подоцна на гости, а во тој прв циклус (првпат со четири меча во низа) се и дуелите со Шкотска на 3 октомври дома и одново со Швајцарија, на 6 октомври, на гости. Групната фаза треба да биде заокружена со уште два натпревара во ноември, со Шкотска на 13 ноември на гости и со Словенија три дена подоцна дома. Н.М.