Цената на нафтата падна под 100 долари за барел, додека европските берзи забележаа силен раст, по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека воените операции на САД во Иран би можеле да завршат во рок од две до три недели.
Пазарите позитивно реагираа на најавите за можен крај на конфликтот на Блискиот Исток, како и на информацијата дека одговорноста за повторно отворање на Ормускиот теснец би ја презеле други земји.
Трамп најави и обраќање до американската јавност во текот на ноќта по средноевропско време.
Според берзанските податоци, цената на суровата нафта околу 9:30 часот падна за 4,23 отсто на 97,089 долари за барел, додека нафтата „Брент“ се намали за 4,1 отсто и се тргуваше по 99,704 долари.
Европските индекси бележат значителен раст.































