Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Полициските службеници лишија од слобода шестмина возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на територија на државата, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Од нив, петмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – информираа од МВР.

Од Министерството апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

– Да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – нагласија од МВР.