НБА
Кошаркарите на Оклахома минимално со 104-102 го победија Бостон во НБА-лигата и на тој начин стигнаа до седмиот триумф во низа и со тоа и понатаму го задржаа првото место во Западната конференција.
Актуелниот шампион во неизвесна завршница ја обезбеди победата, но дуелот го обележи најдобриот кошаркар на Оклахома, Шај Гилџес Александер. Ланскиот најкорисен (МВП) играч на НБА-лигата уфрли 35 коша, што за него беше 127. натпревар во низа на кој постигнал најмалку 20 или повеќе коша. Канаѓанецот на тој начин собори рекорд стар 63 години, кој беше во сопственост на легендарниот Вилт Чемберлен.
За време на оваа серија на Оклахома, која се протега од 1 ноември 2024 година, клубот има неверојатен рекорд од 103 победи и само 24 порази. Од другите кошаркари што фигурираат зад овие два резултата се Оскар Робертсон (79 победи во низа), Мајкл Џордан и Кевин Дурант (по 72), Карим Абдул-Џабар (71), Коби Брајант (63) итн. Г.И.
































